Kristija SiskovskiКлубот за изучување на изворно аикидоФудошин“ е основан во Април 2009 во рамките на Македонската аикидо федерација – Аикикаи Македонија. Основач и инструктор е Кристијан Шишковски кој е асистент инструктор и во неговиот матичен аикидо клуб Хенбо.
Во Аикидо клубот Фудошин се работи под техничко менторство на Микеле Кваранта сенсеи, користејќи ја извонредната методологија за подучување на шиханот Масатоми Икеда 7-ми Дан, што воедно е единствена во светот и специјализирана за сигурно напредување во изучувањето на оваа вештина - Аикидо.

 

Локација и термини

 

Името на на овој аикидо клуб е со јапонско потекло ( 不動心 ) и означува состојба на смиреност и спокојство (буквално и метафорично, „непокорлив ум“ или „храбар дух“). Во филозофска смисла тоа е ментална димензија која што придонесува за ефективноста на еден професионалец.

„ Дух на непоколеблива смиреност и решителност, храброст без непромислености, стабилна вкоренетост подеднакво во менталната и физичката реалност.“

Тоа е аикидо клубот „Фудошин“!